Италија со закон забранува работа на трговски центри во недела

Сподели со своите пријатели

Новата италијанска влада до крајот на годината ќе воведе забрана за купување во недела во големите трговски центри, затоа што сака да ја зачува традицијата на семејното собирање на последниот неработен ден во неделата, рекол потпретседателот на италјинската влада Луиџи ди Мајо.

Во обид да се потикне економскиот раст, тогашниот италијански премиер Марио Монти ја либерализирал трговијата во недела во 2012. година, покрај притисокот на Римокатоличката црква и синдикатот, кои тврделе дека земјата мора да ја сочува традицијата за одмарање во недела, потсетува Ројтерс.

– Оваа либерализација, вушност, ги уништува италијанските семејства. Мораме да започнеме повторно да го ограничуваме времето на отворање и затворање на трогвските центри, рекол Ди Мајко, инаку лидер на Движетето „Пет ѕвездички“.

Ако се маскирате на Карибите или плукнете во Барселона ве очекува казна – Бизарни светски закони

Loading...

Ди Мајо додал дека големите продавници ќе мора да бидат затворени и на деновите на национални празници.

Сопствениците на малите продавници во Италија одамно сакаат икунување на Мотиевата реформа, затоа што, како што велат, соочени се со неправедната конкуренција на големите трговски центри.

Претходно оваа година, Полска го огрнаичила шопингот во недела затоа што контроверзната Влада во Варшава се залага за враќање на римокатоличките вредности.

Иницијативата на Полска и Италија се косат со спорот за либерализација за купување во недела ширум Европа, каде продавачите се соочуваат со нагло растење на купувањето преку интернет, заклучува британската агенција.

Leave a Reply