Ријад предупреди дека ќе продаде дел од европскиот долг ако Г7 ги заплени руските средства

Сподели со своите пријатели

Саудиска Арабија приватно навести претходно оваа година дека би можела да продаде одреден европски долг доколку Групата седум (Г7) одлучи да заплени речиси 300 милијарди долари замрзнати руски средства.

Loading...

Во овој контекст, Министерството за финансии на Саудиска Арабија конкретно го спомена долгот издаден од француската каса, а некои учесници во разговорот го видоа како „прикриена закана“, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Во мај и јуни, Групата седум (Г7) размислуваше како да ги искористи замрзнатите средства на руската централна банка за поддршка на Украина и на крајот одлучи да го искористи само профитот од имотот, додека самиот имот остана недопрен, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италијанска новинарка мора да плати 5.000 евра на Џорџa Мелони за исмејување со нејзината висина

Ставот на Саудиска Арабија се промени откако земјите од Г7 изнесоа предлог кој не предвидува заплена на руски имот, додаде еден од изворите на Блумберг.

Како што е наведено, не е јасно дали Ријад се одлучил на овој потег од солидарност со Москва или од свои интереси, но сигурно е дека Саудиска Арабија се повеќе се позиционира како дипломатска сила која сака да биде посредник меѓу Русија и Украина.

Саудиски функционер подоцна изјави дека владата во Ријад никому не се заканувала, но дека членките на Г7 веројатно биле запознаени со последиците од какви било заплени.