Рибари спасени од пуст остров по седум дена, благодарение на „генијална идеја“

Сподели со своите пријатели

Тројца рибари се спасени од пуст остров по еднонеделна потрага, откако крајбрежната стража на американската морнарица ги забележала кога виделе порака „Помош“ на плажата, формирана од лисја од палми.

Loading...

Американската морнарица спасила тројца рибари, кои претходно отишле на риболов кога моторот на нивниот брод се расипал околу ненаселениот Атол Пикелот во Микронезија на 31 март, јавува Гардијан.

Тие успеале да излезат на брегот, но нивното радио останало без батерија пред да можат да комуницираат со спасувачките служби.

Еден од членовите на крајбрежната стража на американската морнарица кој ја забележал пораката испишана со листови од палма, е роднина на еден од рибарите кој бил на напуштениот остров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина од Американците поддржуваат забрана на ТикТок?

На негова иницијатива во текот на претходните денови беше започната опсежна потрага на огромна површина.

 

 

Loading...

Спасени благодарение на „генијална идеја “

По спасувањето, рибарите истакнале дека јаделе кокос и пиеле вода од езерото на островот, додека крајбрежната стража истакнала дека без пораката напишана на песокот, тешко би биле забележани.

Полковникот на крајбрежната стража Челзи Гарсија истакна дека тоа е „генијален потег“.

„И клучниот фактор што доведе до спасување“, рече Гарсија.

 

 

Натписот на напуштениот остров го примил екипажот на извидувачки авион на американската морнарица со седиште во Окинава, Јапонија. Во првиот налет на авионот бил фрлен пакет помош со храна и вода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жените живеат подолго од мажите, но страдаат од долготрајни болести

Пикелот е мал и далечен корален остров од околу 30 хектари, на повеќе од 600 километри од Гуам.

Loading...

На истото место пред четири години беа спасени четворица рибари на кои им истекло гориво на бродот, по што струите ги одвлекле до атолот.

Тие биле забележани и откако напишале „СОС“ на плажата, користејќи гранчиња од палма.