РИА: Се подготвуваат за директна војна со Русија

Сподели со своите пријатели

Руската новинска агенција РИА Новости денеска објави пропаганден текст во кој се најавува директен воен конфликт меѓу Европската унија и Русија.

Loading...

Тие пишуваат дека најмалку две земји основачи на Европската унија, Франција и Германија, ја промениле својата реторика и сега отворено најавуваат дека директниот воен конфликт со Русија за нив веќе не е геополитичка хипотеза, туку реалност.

Тие наведуваат дека иако претставниците на ЕУ претходно не биле среќни да зборуваат за тоа, деновиве тоа веќе не е тајна и табу тема.

Рускиот колумнист посочува дека нема дилема дека во билатералните односи на земјите владее сосема нов тон и го менува односот на силите и во ЕУ и во НАТО алијансата.

Во текстот се наведува дека Германија има намера да ги трансформира своите вооружени сили во најсилната армија на континентот и дека тоа јасно се чита од распределбата за одбрана.

Понатаму во колумната на руската агенција пишува дека Париз не заостанува многу зад Берлин.

Сепак, додаваат дека засега тоа е повеќе од зборови, со оглед на тоа што нивното зголемување на издвојувањата за армијата, како што пишува во текстот, не е споредливо со германските трошоци.

Во продолжение на пропагандниот текст, колумнистот заклучува дека Русите треба да се соочат со реалноста бидејќи светот со кој беа партнер и сочувствуваа за време на радикалните напади, „сега се подготвува, без двоумење, да нѐ убие“.

Loading...

Текстот ја остава отворена можноста да се работи за блеф, односно шоу со цел да се задоволат интересите на САД.

Конечно, колумнистот заклучува дека Русија не се плаши од закани и дека е целосно подготвена и ги има сите потребни ресурси доколку дојде до таков конфликт.