РИА Новости: Русија треба да ѝ помогне на Србија да стане независен регионален центар

Сподели со своите пријатели

„Русија не само што мора да се обиде Србија да ја направи своја филијала во Европа, туку треба и да ѝ помогне да стане независен центар на моќта во регионот“, се вели во коментарот на РИА Новости за откажаната посета на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград.

Во коментарот под наслов „Балкан – нов фронт на војната со Русија“, агенцијата посочува дека ЕУ сѐ уште не може да ја забрза интеграцијата на регионот бидејќи, сега, има многу проблеми поради прекинот на односите со Москва.

Loading...

Се додава дека уште поважно е расположението во самата Европска унија, каде населението „не гори од желба“ да прими „уште една порција од Балканот“, кои имаат меѓусебни спорови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Трамп мора да размислува за народот на Гренланд, исто како што ние мислиме за оние во Украина

Во таа ситуација, како што пишува во коментарот, Русија „не смее само да се труди Србија да ја направи своја филијала во Европа – треба да и помогне“ да стане постојан независен центар на регионот.

„Да, релативен центар на моќ, но оној што може да трае додека глобалните промени не доведат до нова распределба на моќта и во Европа и воопшто на глобалната сцена. Во текот на три века од нашите активни односи со Србите, заедно и одделно, доживеавме толку многу превирања што нема причина да не веруваме: ќе излеземе од сегашната криза чесно – и посилни отколку што влеговме во неа“, пишува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп рече дека се подготвува да се сретне со Путин: „Тој сака да се сретнеме“

„Нема сомнеж дека и Лавров и (Владимир) Путин ќе пристигнат во Белград“, се заклучува во коментарот.