Руските сили утринава го гранатираа округот Ингулет во Кривји Рих, во централна Украина, соопшти шефот на областа Днепропетровск, Валентин Резниченко.
Loading...
Тој на Телеграм напиша дека е убиена 41-годишна жена, а две лица со рани од шрапнели се хоспитализирани, пренесува Укринформ.
Тој изјави дека е оштетено училиште и неколку куќи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.