Режисерот на „Џокер“ сака да сними продолжение на филмот, условот е актерот

Сподели со своите пријатели

Филмот „Џокер“ ги руши сите рекорди на гледаноста, а режисерот Тод Филипс ги развесели фановите велејќи дека вреди да се снима продолжение.

Иако тие во моментов не работат на тоа, како рече тој, би се согласил на тоа само доколку маестралниот Хоакин Феникс повторно ја игра главната улога.

Loading...

„Тоа не би бил само див и луд филм за „Принцот од криминалот“. Би морал да има некоја тематска резонанца на сличен начин како и со првиот филм. Толку многу филмови ја споменуваат искрата, но „Џокер“ беше барутот. Да го направите сето ова во продолжение, тоа би било доста интересно“, рече Филипс.

Шпекулациите за продолжението на филмот започнаа во август, а Филипс во тоа време рече дека ќе стори сé за да може актерот Хоакин Феникс повторно да ја игра улогата на Џокер.

„Џокер“ инаку ја надмина заработката од една милијарда американски долари и е трет по ред филм од DC со стрип-јунаци злосторници, по „Dark Knight Rises“ кој заработи 1,084 милијарди американски долари и „Акваман“ со заработка од 1.140 милијарди долари.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *