Револуционерно: Шише кое само произведува вода (видео)

Сподели со своите пријатели

Шише за вода под името „Фонтус“ би можела да го промени човештвото, затоа што таа собира влага од воздух за да направи чиста пивка вода.

Целиот процес трае помалку од еден час, зависно од квалитетот на воздухот, а таа сосема едноставно функционира – воздухот го претвора во капки вода.

„Фонтус“ е направен од австискиот индустриски дизајден Кристоф Ретазар за да помогне на 1,2 милијарди луѓе кои живеаат во области каде е тешко да се дојде до здрава вода за пиење.

„Фонтус“ фунцкионира со проста кондензација на влажноста која се наоѓа во воздухот – вели Кристоф.

Кога влажниот воздух проструи низ шишето, тој оди низ хидрофобни влакна кои наликуваат ако на оние кои се наоѓаат на четките за заби, кои веданата пареа ја претвораат во капки. Малиот соларен панел се наоѓа на врвот на шишето и овозможува батеријата секогаш да биде наполнета.

За час време „Фонтус“ може да произведе половина литар вода, а фунцкионира во услови каде влажноста на воздухот е измеѓу 80 и 90 проценти.

Шишето може да филтрира честички како прашина или инсекти, но не е дизајнирана да филтрира седименти. Ретезар се надева дека во иднина ќе патентира модел кој ќе има филтер како „Фонтус“ би можел да се користи и во областите каде воздухот е загаден.

Австискиот дизајнер планира да покрене кампања со чија помош би собрал доволно средства за комплетно финансирање на проектот, а се надева дека ова шише ќе се продава за помалку од 100 долари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.