РЕВОЛУЦИЈА: Батериите на телефоните во иднина ќе ги полниме 4 пати во годината

Сподели со своите пријатели

Тим од научници од Универзитетот Мичиген и Корнел произвел матеирјал кој се нарекува „магноелектрик мултифероик“ кој ќе се користи за изработка на батерии со зголемена должина на траење.

Материјалот е тенок полиран филм, кој на уредите ќе им овозможи да работат на принцип на енергетски удар наместо постојат доток на струја. Тоа генерално ќе подразбира дека е потребна многу помала енергија за напојување на уредите отколку до сега.

Со ваква батерија, стандардните мобилни телефони ќе имаат 100 пати повеќе енергија, што значи дека полнењето на батериите ќе се одвива многу поретко за разлика од сега.

Новата батерија, за жал нема да се најде во комерцијално производство пред 2030 година, наведуваат научниците.