Гласачките места се затворени во делови на САД за меѓуизборите за Претставничкиот дом, Сенатот и гувернерите на сојузните држави.
Досега републиканците во трката за Претставничкиот дом им презедоа седум места на демократите, а демократите две места од републиканците.
Неколку медиуми предвидуваат дека републиканците ќе успеат да ги задржат најмалку петте места што им се потребни за да го контролираат Претставничкиот дом.
Досега обезбедија 190 од вкупно 435 што ги има ова тело, а демократите имаат 165.
Сепак, демократите водат во некои клучни трки, особено во две од трите места во Вирџинија, што може да биде одлучувачко за конечниот исход.
На изборите за Сенатот, демократите освоија 47 мандати, додека републиканците имаат 46, пренесува CNN.
Ова тело има 100 седишта.
Конкуренцијата за преостанатите 8 места е неизвесна, особено во Џорџија и Пенсилванија, па може да потрае неколку дена за да се дознае победникот, а можно е да се оди во вториот круг на гласање на 6 декември доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 проценти од гласовите.
Излезните анкети покажаа дека демократите веројатно ќе постигнат подобри резултати од очекуваното со оглед на моментално нискиот рејтинг на Бајден.
„Ова дефинитивно не е републикански бран, тоа е сигурно“, изјави републиканскиот сенатор Линдзи Греам за MSNBC.
Сепак, и покрај некои трошки надеж за демократите, републиканците остануваат фаворити да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом, делумно благодарение на прераспределувањето на промените по пописот во 2020 година, пишува Гардијан.
Тоа им овозможи да земат најмалку три места од демократите во Флорида.