Република Северна Македонија – постигнат договор за името

Сподели со своите пријатели

Република Северна Македонија е новото име за кое договор постигнале премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Договорот предвидува име со географска одредница, македонски јазик без фуснота и македонска националност со забелешка – граѓани на Република Северна Македонија.

– Решавајќи го спорот меѓу Македонија и Грција градиме пријателство, пријателство кое никогаш не било поголемо. Решаваме два и пол децениски спор, кој што земјата ја влечеше надолу. Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, заштитени еднаш засекогаш. Нема веќе ФИРОМ. Со овој договор ќе биде зајакнат македонскиот идентитет. Добиваме гаранција за безбедност. Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот-македонски без фуснота. Националност-македонска / граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)“, рече Заев.

Премиерот додаде дека договорот ќе биде презентиран пред сите, а потоа потпишан од претставниците на двете влади, по што следи ратификација во Собранието на Република Македонија.

Наесен следува референдум, на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, додаде Заев.

Leave a Reply