Реплика на Мона Лиза продадена за 2,9 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Европски колекционер во петокот на аукција на куќата Кристи во Париз за 2,9 милиони евра купи копија на Мона Лиза на Да Винчи, од 17 век, што е рекордна сума за реплика на таа слика.

Loading...

Сликата позната како „Хекингова Мона Лиза “ била именувана по еден колекционер кој купил реплика во 1950-тите и безуспешно тврди дека е оригинал, а онаа што се чува во музејот Лувр во Париз е всушност една од многуте реплики.

„Ова е лудило, репликата на Мона Лиза беше продадена за апсолутна рекордна сума“, изјави портпаролот на аукциската куќа.

 

 

На меѓународната аукција учествувале 14 понудувачи, а во последниот час понудите се зголемиле од 500.000 на 2,4 милиони евра, пред да падне крајната понуда од 2,9 милиони евра.

Оригиналната верзија е во Лувр и не се продава.

Loading...

Сепак, во 2017 година, на аукција во куќата Кисти во Њујорк, сликата на Да Винчи „Спасител на светот“ (Салвадор Мунди) беше продадена за 450 милиони долари.

Нејзината продажба го сруши рекордот на аукцијата.

Leave a Reply