Ренова и Силекс ремизираа без голови

Сподели со своите пријатели

Ренова и Силекс ремизираа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот што се одигра на Градскиот стадион во Тетово главно помина во израмнета игра на двете страни.

Кратовци иако влегоа како благи фаворити во овој дуел, без посебно нагласени шанси за погодок, на крајот можат да бидат задоволни од нерешениот исход.

Ренова до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

По ваквиот исход на натпреварот, Ренова остана седмопласирана со 20 бодови колку и Пелистер. Силекс и натаму е на третата позиција на табелата со 32 бода, шест повеќе од четвртопласираниот Шкупи, а седум помалку од второпласираниот Вардар. /МИА

Leave a Reply