Ременски: Управниот суд потврди дека се безпредметни обвинувањата на Диме Спасов (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски, на денешниот прес објави дека министерството добило решение од Управниот суд со што тужбата и предогот за времена мерка на дополнителниот Заменик министер Диме Спасов, против Министерот за труд и социјална политика се отфрла како безпредметна.

Станува збор за тужбата и решението за времена мерка со кои Диме Спасов во својство на тужител ги спореше решениата за разрешување на Директот и именување на вршител на должност Директор, на јавната устанува меѓуопштински центар за социјална работа –Прилеп, донесени од страна на Министерот во јануари, оваа година.

Управниот суд го утврди тоа што денови наназад ние го говоревме, а провладините медиуми и интернет портали се обидуваа да го прикријат и да ја дезинформираат јавноста. Судот утврдил дека дополнителниот заменик министер пред да ја поднесе тужбата можел но не се обратил до Државната изборна комисија којашто согласно закон е единствениот надлежен орган што одлучува кои кадровски, финансиски и правни прашања се донесуваат во организација на изборите.

Тоа е потврда дека дополнителниот заменик министер, не ја испочитувал надлежноста на институциите, утврдени и со законот на Владата на Република Македонија.

Ова решение на судот е аргумент против сите обвинувања, клевети и навреди за незаконско работење на Министерот за труд и социјална политка, е аргумент за безпредметните обвинувања за непочитување на одлуки на судот и смешните закани за кривична пријава.

Ова решение е истовремено, и доказ дека во институциите на Република Македонија работат совесни професионалци со интегритет кои одлучуваат исклучуиво по словото на законот, изјави Ременски.

 

Loading...

 

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.