Рекордното зголемување на температурите ќе продолжи и во 2016 година

Сподели со своите пријатели

Времето во светот и во 2016 година најверојатно ќе биде еднакво топло или потопло за разлика од 2015, што беше најтоплата година во историјата, според тврдењата на Британскиот метеоролошки институт (БМО).

Според временските прогнози, глобалната средна температура во 2016 година би требало да биде поголема за 0,72 до 0,96 степени целзиусови во однос на просечните 14 степени во периодот од 1961 до 1990 година.

Прогнозите даваат можност да претпоставиме дека до крајот на 2016, ќе имаме три рекордни или скоро рекордни години по ред гледано по порастот на глобалната температура  – вели Адам Скаифе, прогностичар во БМО.

Саифе вели дека тој порсат на глоблалната температура е резултат на глобалното затоплување, за кое виновен е човекот, и последиците на временскиот феномен Ел Нињо.

Прогнозите се темелат на клучните покренувачи на глобалната клима, но не се вклучени непредвидливите настани, како големите вулкански ерупции кои можат да допринесат во привремено заладување – додава прогностичарот на БМО.

Инаку според сите релевантни институции 2015 година ги урна сите рекорди според високите температурни вредности.