Рекордна појава на птичји грип во Норвешка и Финска

Сподели со своите пријатели

Норвешка и Финска се соочуваат со рекордна епидемија на птичји грип оваа година, што уби илјадници галеби и други видови, загрози добиток и доведе до ограничувања на патувањата во некои области, соопштија официјални лица.

Loading...

Птичјиот грип циркулира во Европа во последните неколку години, а во мај и јуни доведе до угинување на милиони птици на француските фарми и го наруши снабдувањето со месо и јајца.

Пронајдени 10.000 мртви птици во фински град

Официјални лица во арктичкиот град Вадсо, кој е дел од норвешката област Финмарк, соопштија дека пронашле повеќе од 10.000 мртви птици во областа, а норвешката агенција за безбедност на храна вчера воведе забрана за патување во три природни резервати.

„Епидемиите што ги гледаме на различни места во Финмарк оваа година се многу поголеми отколку што сме виделе претходно во Норвешка“, рече Оле-Херман Тронеруд, главен ветеринарен службеник во Норвешката агенција за безбедност на храна.

Видот на вирусот Х5Н1 со години се шири меѓу живината и дивите птици, но инфекциите кај цицачите како мачки, куни и видри повремено се регистрирани низ светот.

Патогената варијанта во Финска особено циркулираше меѓу галебите

Соседна Финска, исто така, објави дека дивите птици биле тешко погодени и дека вирусот Х5Н1 досега бил пронајден во 20 фарми за крзно, во однос на 12 претходно оваа недела.

„Потврдено е дека патогената варијанта циркулира особено меѓу галебите“, објави финското Министерство за социјални работи и здравство во соопштението во средата.

СЗО: Ризикот за луѓето од Х5Н1 останува низок

Три агенции на Обединетите нации предупредија овој месец дека глобалните епидемии предизвикаа загриженост дека вирусот може полесно да се прилагоди и да се шири кај луѓето, повикувајќи ги земјите да го зајакнат надзорот на болестите и да ги подобрат хигиенските услови на живинарските фарми.

Loading...

Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за луѓето од Х5Н1 останува низок, но додаде дека извештаите за инфекции кај цицачите треба внимателно да се следат.