Рекордер викендов во Куманово: Полицијата му измерила 2,18 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Полицијата викендов напишала казни за 158 возачи на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово, а меѓу нив и на лице кое возело со 2,18 промили алкохол.

Loading...

Како што информираат денеска од СВР Куманово викендов најголем дел од казните или 123 биле за управување возило со брзина над дозволената.

Вкупно 19 лица добиле казни за возење под дејство на алкохол, а едниот со над 2 промили алкохол во крвта.

– Санкциониран е едeн возaч поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место, а исто така и едно лице поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.18 промили, информраат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

 

 

Меѓу казнетите се и 14 лица кои возеле без возачка дозвола и двајца кои возеле нерегистрирано возило.

Loading...

Сообраќајните контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски