Рекорден пад на наталитетот во Германија

Сподели со своите пријатели

Во последните две години стапката на раѓања во Германија значително падна и е најниска од 2009 година, објави денеска Федералниот институт за истражување на населението во Визбаден.

Loading...

„Ова е невообичаено остар пад на стапката на новороденчиња, во минатото фазите на опаѓање се одвиваа многу побавно“, се вели во соопштението на Федералниот институт за истражување на населението.

Истражувачите ги наведуваат пандемијата на коронавирус, војната во Украина и инфлацијата како можни причини за падот на бројот на родени деца.

„Во такви периоди на повеќекратни кризи, многумина се откажуваат од желбата да имаат деца“, вели шефот на студијата, Мартин Бујард.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Сепак, не можеше да каже дали ова е актуелен тренд или почеток на долгорочен период на намалени раѓања.

ЦДУ за ова ја обвини власта

Бројот на раѓања падна од 1,57 деца по жена во 2021 година на 1,36 во есента 2023 година, што е најниска вредност забележана од 2009 година.

По 1975 година, наталитетот во Германија беше во постојан пад, со исклучок на периодот меѓу 2015 и 2021 година, кој експертите го поврзуваат со владините мерки за помош на мајките со деца, но и со доаѓањето на голем број бегалци.

Опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) ја обвини владата за ненадеен пад на наталитетот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

„Овој пад на стапката покажува длабока недоверба во работата на сојузната влада и несигурноста што владее меѓу граѓаните поради погрешните политики“, рече портпаролката за семејното прашање на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ Силвија Брешер.