Реконструкцијата на Театар Куманово продолжува, но со малку пари

Сподели со своите пријатели

Реконструкциајта на Театар Куманово влегува во третата фаза, за која се обезбедени 3,2 милиони денари или околу 50.000 евра.

Loading...

Министерството за култура одговарајќи на прашањата на Кумановски Муабети, вели дека средствата се предвидени согласно програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти кои ги користат националните установи од областана културата.

– Оваа програма е објавена на веб страната на Министерството за култура и според истата  за реконструкција на театарот во Куманово предвидени се средства во износ од 3 200 000 денари, велат од ресорното министерство.

 

 

Како што потенцираат оттаму, со овие средства треба да продолжат градежните работи предвидени со основниот проект.

Од Националната установа Центар за кулутра „Трајко Прокопиев“ Куманово под чија надлежност е Театар Куманово, велат дека пристигнал допис за одобрените средства.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане

Оттаму сепак посочуваат дека станува збор за средства со кои нема да може целосно да се заврши реконструкцијата.

– Деновиве ќе имаме средба со архитектот на проектот и ќе видиме во кој дел и за која намена ќе може да ги искористиме овие средства кои ни се доделени, но тие секако нема да бидат доволни да заврши целосно реконструкцијата. Очекуваме дека ќе се предвидат понатаму и дополнителни средства за објектот целосно да биде реконструиран, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

 

Претходно со отворено писмо реагираа актерите од кумановскиот тетар кои потенцираа дека во годината кога нивната институција одбележува 75-годишен јубилеј тие немаат услови каде да ги играат претставите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Актерката Кети Дончевска Илиќ вели дека иако реагирале до ресорното министерство, не добиле никаков одговор.

– Нашите реакции беа најмногу за тоа да добиеме некаква насока од Министерството за култура до кога тој процес ќе се одолжи за да може да правиме некакви планирања. Незаинтересираноста да ни дадат некакви информации значи дека не водат никаква грижа за нас, што ние ќе правиме следните години и нас тоа ни е иритирачко, особено на актерскиот ансамбл, вели Дончевска Илиќ.

Loading...

 

 

Таа не верува дека до 15ти јули, кога кумановскиот театар треба да одбележи 75 години постоење, ќе имаат реконструиран објект.

– Ние на 15ти јули планираме некаков централен настан, имаме среќа што е лето, па ќе можеме во Центарот за култура да го правиме. До крајот на 2023 година со ваквото темпо на пуштање на пари не изгледа дека сме на повидок театарот да го завршиме, вели Дончевска Илиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот

Инаку актерите на Театар Куманово кој има и македонска и албанска драма, во овој момент создаваат претстави, но ги играат во Центарот за култура.

Центарот пак има и свои настани, а нема греење, со што се ограничени само на неколку месеци во годината кога можат да творат.

Првата фаза од реконструкцијата на објектот започна летото 2021 година, која опфаќаше санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената опфаќајќи ги канцелариите, помошните простории, кабините за тон и светло.

Loading...

Втората фаза почна лани во февруари и веќе е завршена.

Никола Ивановски