Реконструирани трибините во Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заврши подготовката за поставување на нови епоксидни подови во Спортската сала во Куманово, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Од објавените фотографии може да се забележи дека реконструкцијата на трибините веќе е завршена.

Реконструкцијата на трибините во спортската сала во Куманово, почна лани во август. Тогаш за реконструкцијата на внатрешноста во салата Куманово општината одвои над 12 милиони денари.

– Одиме фаза по фаза до целосна реконструкција на нашата убавица. Многумина ветуваа, ние остваруваме заедно со граѓаните од сопствени буџетски средства, рече градоначалникот.

 

 

Инаку внатрешно уредување на објектот е веќе во тек и дел од трибините веќе се уредени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

– По завршување на овие опфати ќе се работи на изградба на комплетно ново борилиште или монтажа на нов современ под, соопшти Димитриевски на последниот брифинг со медиумите одговарајќи на новинарско прашање.

Кон крајот на декември, 2021 заврши пак санацијата на кровната конструкција на спортската сала која се спроведуваше преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.

За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23 милиони 430 илјади денари беа обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија тогаш надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Кумановскиот градоначалник, претходно информираше дека спортската сала ќе се реконструира постепено во неколку фази, согласно обезбедените средства.

Спортската сала е еден од четирите големи спортски објекти, Соколана, градски стадион и стрелиште кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово.