Рекол дека испил шише и пол пиво, а лекарите му измериле 8,83 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Можеби за овој случај никој не би дознал, доколку човекот не се повредил додека берел печурки во шумата.

Лекарите ги запрепастил случајот со 41-годишник од Чешка кој искршил нога при берење пелурки низ шумата во регионот Острава на истокот на земјата, откако анализите покажале на само дека е малку поднапиен, како што изгледал, туку дека во крвта има дури 8,83 промили алкохол, што е нов чешки рекорд.

– Мажот првин призна дека испил шише и пол пиво. Поради претстојната операција правевме анализа на крвта на присуство на етанол и покажа дека има дури 8,83 промили алкохол во крвта, рекол лекарот од болницата во Крнов, Јиржи Стошек.

Пијана жена родила бебе со 1,7 промили алкохол во крвта

Loading...

Примарусот од Интерното одделение во болницата каде завршил мажот до трезнењето зада можат да го оперираат, Надежда Мичудова, при својата пракса вели дека не наишла на пациент толку пијан, а нему тоа да не му се приметува.

– Чекореше, се ориентираше. Клинички изгледаше максимално на три промили алкохол во крвта. Ни рече дека пиел со дргарите во петок навечер, а во сабота наутро кога тргнал да бере печурки поладувал и испил две пива, рекла Мичудова.

Чехот од Крнов со 8,83 промили алкохол во крвта го оборил викендов неславниот национален рекорд кој го држел еден тракторист кого чешката сообраќајна полиција го стопирала и му измерила осум промили алкохол во крвта.

– Светскиот рекорд го држи Анџеј В. од Полска кому по прославата со пријателите му се измерени 12,8 промили алкохол, а меѓу жените тоа е Французинка која по сообраќајната несреќа имала 11 промили алкохол во крвта, рекол портпаролот на болницата Јиржи Крушила.

Leave a Reply