Реклама со геј Дедо Мраз ја подели јавноста: Едни ја поддржуваат љубовната врска, други згрозени од сексуализацијата за Божиќ

Сподели со своите пријатели

Норвешката пошта објави скапа реклама во која се опишува хомосексуалната врска помеѓу Дедо Мраз и човекот по име Хари. ЛГБТ љубовната афера, која завршува со бакнеж, станала јавна.

Loading...

Снимена по повод 50-годишнината откако Норвешка ја декриминализираше хомосексуалноста, рекламата „Кога Хари го запозна Дедо Мраз“ ја опишува љубовната врска на еден Норвежанец и Дедо Мраз.

Со текот на годините, Дедо Мраз доаѓа да го посети Хари и парот се вљубува. Рекламата завршува со страстен бакнеж од двајца мажи, додека Постен, норвешката поштенска служба, ја презема работата на Дедо Мраз и им носи подароци на децата за Нова Година.

 

 

Активисти, борци за правата на ЛГБТ заедницата и други оценија дека рекламата е „силна и трогателна порака за инклузија“ и потсетување дека во Норвешка веќе 50 години „можеме да сакаме кога сакаме“.

Имаше и такви кои не беа толку ентузијасти, “Сексуализацијата на Дедо Мраз е погрешна… не е важно дали е геј или стрејт. Рекламата е морничава и вознемирувачка за мене”, изјавил еден корисник на Твитер.

Loading...

Божиќ е жестоко оспорувано бојно поле во актуелната културна војна, а Дедо Мраз секоја година се редизајнира за да одговара на одредени цели, од неговиот климатски активизам до меѓурасни геј бракови.

Дедо Мраз не е единствената празнична традиција која се менува за да биде политички коректен . Популарните божиќни песни се критикувани за наводни сексистички стихови, а религиозните корени на празничната сезона се опишани како прослава на „христијанската привилегија“.