Река бегалци снимени со дрон на затворената унгарска граница (видео)

Сподели со своите пријатели

После денешните немири кај унгарското место Реске и затворениот пристап на унгарска територија од српска страна, според унгарската полиција, на границата во моментов има околу пет илјади бегалци.

Loading...

Претходно, неколку илјади бегалци и мигранти од африкански и азиски земји, а најмногу од Блискиот исток пристигнале низ Србија до унгарската граница каде е растурен кампот за прифаќање на неутрална територија на граничниот премин Хоргош – Реске.

Според последните информации, Унгарија на местото на судирот на границата упатила три воени оклопни возила вооружени со митралези, јавуваат медиумите.

Ситуацијата на унгарската граница е снимена и со дрон.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.