Светската здравствена организација го прогласи ширењето на вирусот мајмунски сипаници за глобална здравствена криза, а ова се некои симптоми.
Овој вирус досега е регистриран во повеќе од 80 земји, а во светот се регистрирани 17.000 случаи, пишува N1 Загреб.
Додека здравствените работници сè уште бараат одговори бидејќи вирусот продолжува да се шири, група научници открија уште два симптоми кои досега не беа типични за оваа болест.
По испитувањето на 197 пациенти со мајмунски сипаници, беше објавено големо истражување во Британскиот медицински журнал. Истражувањето идентификуваше нови симптоми.
Дури 71 пациент вклучени во студијата имале ректална болка, 33 страдале од болки во грлото. 31 имале едем на пенисот и 27 од орални лезии, 22 пациенти имале солитарни лезии, а девет од нив пријавиле зголемени крајници.
Осамени лезии
Еден од новите симптоми откриени во студијата биле осамени лезии. Тоа е мала, локализирана кожна лезија која може да варира од безопасни (брадавици) до опасни по живот лезии како меланом.
Отечени крајници
Пациентите во студијата, исто така, пријавиле отечени крајници, кои, заедно со индивидуалните лезии, претходно не биле познати како типични симптоми на инфекција со мајмунска сипаница.
Симптоми на мајмунски сипаници
Класичните и очигледни симптоми на мајмунски сипаници вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и зглобовите. Може да се јават и болки во грбот, отечени лимфни јазли, замор и осип што наликува на осип забележан со сипаници.
Како се шири болеста?
Болеста може да се пренесе од човек на човек преку капки (близок контакт) и контакт со кожни промени кои се јавуваат кај пациентот.
Авторите изјавиле дека студијата има некои ограничувања. Сите пациенти биле од еден медицински центар, а студијата била набљудувачка, пренесува Тајмс оф Индија.
Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.