Редовниот и квалитетен сон ги намалува ризиците од развојот на дијабетес

Сподели со своите пријатели

Дали знаете дека редовниот и квалитетен сон ги намалува ризиците од развојот на дијабетес тип 2 ?

Loading...

Предностите на сонот влијаат на речиси секоја област од животот. Хроничнoто лишување од сон може да доведе до голем број сериозни медицински состојби, вклучувајќи ја дебелината и дијабетесот. Споделуваме неколку здравствени придобивки од исполнет сон.

Сонот помага да го вратиме телото

Кога спиеме нашите тела синтетизираат дополнителни протеински молекули, што помага да се зајакне нашата способност да се бориме со инфекциите и да бидеме здрави.

Овие молекули помагаат на имунолошкиот систем да се подобри телото на клеточно ниво, кога сме под стрес или изложени на загадувачи, бактериски инфекции.

Сонот е важен за здравјето на срцето

Секојдневниот стрес и динамика подложуваат на сериозни искушенија кардиоваскуларниот систем.

Високите нивоа на “воспалителни маркери” се поврзани со срцеви заболувања и удари. Целосното спиење може да помогне за одржување на добри вредности на крвниот притисок и нивото на холестерол.

Loading...

Сонот помага за контролирање на телесната тежина

Редовниот и квалитетен сон игра важна улога во регулирањето на хормоните кои влијаат и го контролираат апетитот. Истражувањата покажуваат дека кога телото е лишено од сон, нормалните хормонални салда се прекршуваат и апетитот се зголемува.

За жал, ова зголемување на апетитот не води до желба за здрава храна, туку за храна со висока содржина на калории, масти и јаглехидрати. Затоа, кога се обидувате да ослабете важно е да спиете доволно.

Сонот го намалува стресот

Во прилог доброто спиење може да помогне за намалување на нивото на стрес и анксиозност. Со регулирање на синтезата на хормоните на стресот, се намалува и ризикот од пораст на крвниот притисок.

Од друга страна стресот предизвикува дегенерација на клетките, што е причина за предвременото стареење на организмот. Ете затоа треба да спиете доволно, за да може да се релаксирате целосно.

Сонот ја подобрува меморијата

Веројатно сте забележале дека секој пат кога сте недоспиени свеста ви се чини поматена. Нивото на концентрација се намалило. Редовната ненаспаност води до проблеми со меморијата , што го попречува нормалниот ритам на живот.

Loading...

Редовниот сон ги елиминира овие тешкотии, бидејќи додека спиете, вашиот мозок е зафатен со организирање и споредување на спомени.

Една од најголемите предности на сонот е дека му овозможува на вашиот мозок да се справува подобро со нови искуства и знаења, со што се зголемува вашето разбирање и меморирање.

Leave a Reply