Редок дијамант од 102 карати продаден преку телефон за вртоглава сума

Сподели со своите пријатели

Ретко дијамант да е толку совршен и безбоен, а уште поретко толку голем.

Loading...

Дијамант ископан во северниот дел на Онтарио пред две години е продаден за рекордна цена на онлајн аукција на неименуван купувач, кој за 15,7 милиони долари купил совршен, безбоен скапоцен камен.

Маска која чини цело богатство: Обложена е со дијаманти и бело злато (ФОТО)

Скапоцениот камен, кој бил ископтан од грутка 271 каратски дијамант пронајден во сега затворениот рудник Виктор во северниот дел на Онтарио во 2018 година, бил рекламиран поради својата ретка боја Д и беспрекорна структура, па затоа се сметал за скоро совршен.

 

 

Помалку од еден процент од природните дијаманти во светот имаат толку малку несовршености и таква боја, а само седум од таа големина се продадени на аукција досега.

Loading...

Зошто дијамантите се толку скапи?

Продажбата на каменот, во форма на јајце, започнала со аукција на интернет минатиот месец, а заврши вчера со аукција во „Сотби“ во Хонг Конг.

После еден месец наддавање преку интернет, почетната цена во Хонг Конг беше 11 милиони долари.

Leave a Reply