Редок бел слон роден во западен Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Родено минатиот месец во државата Ракин, малото слонче тежи 80 килограми и е високо околу 70 сантиметри, пишува мјанмарскиот весник Global New Light.

Loading...

На снимката на државната телевизија се гледа како слонот ја следи својата мајка до реката каде што го мијат нејзините чувари, кои потоа го хранат.

 

 

Мајката е 33-годишната Зар Хан Хла, а Global New Light пишува дека слончето има седум од осумте карактеристики поврзани со ретки бели слонови, како што се очите со боја на бисер и големите уши.

За малото слонче почна да се пишува на социјалните мрежи кон крајот на минатиот месец, но се уште нема име.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Швалерскиот живот не прашува за години: Хит снимка го насмеа Балканот (ВИДЕО)

Белите слонови во Југоисточна Азија се сметаат за среќна појава, па древните владетели ги собирале.

Loading...

Луксузните услови во кои се чувале доведоа до тоа дека терминот „бел слон“ во културата на Мјанмар значи нешто убаво, но бескорисно.

Моментално има шест бели слонови во Најпида, главниот град на Мјанмар.