Речиси 800 милиони евра оставил народот лани во македонските коцкарници и обложувалници

Сподели со своите пријатели

Минатата година во државава имало 58 правни субјекти кои се занимавале со обложување, или коцкање, а вкупниот приход што го направиле е 48.778.104.541 денар, или речиси 800 милиони евра!

Loading...

Толку пари, значи, оставиле граѓаните на оваа забава, која за некого, за жал, е тежок порок.

Како и да е, ниту коцкањето, ниту спортското обложување не е забрането, има долга историја во светот, а на компаниите што работат во Македонија им донело чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.

Компаниите кои се занимаваат со обложување и игри на среќа имаат дури 7.745 вработени, и се сериозен полнач на државната каса што со придонеси, што со даноци. За нив често се кршат копјата околу отворените прашања, како што се: треба ли да ги има во толкав број, треба ли да се менува регулативата за нивната одалеченост од училиштата…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доларот ослабна трет ден по ред

Но, додека копјата се острат и тапат, бизнисот се шири и ако нешто во државава се гради, тоа се, дефинитивно, објекти за игри на среќа и обложување.

 

 

Loading...

НАЈМНОГУ ПАРИ ОСТАВЕНИ ВО ПРО БЕТИНГ

Според приходите на овие друштва, може да се види каде најмногу оделе и оставале пари нашите граѓани. На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ.

За оваа компанија веќе со години е зацементирано првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година, кога исто така биле прваци по примените пари. Со 400.000 евра добивка, „Про бетинг“ не влегува во првите 10 најпрофитни компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ воведува царини за увоз на украински јајца

На второ место по промет е Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.

Тоа собрало 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година. Државната видеолотарија е шампион по добивка меѓу сите друштва за игри на среќа и обложувања, остварила чист профит од 19,5 милиони евра.

Третото место по приход му припаѓа на „Спорт лајф трејд“. Собраниот приход е 85,1 милин евра, а добивката е 4 милиони евра. И „Спорт лајф“ имал раст на приходот (за 3%) и на добивката (за 15%).

 

Само на овие 10 најголеми друштва вкупниот приход лани им бил 621,5 милиони евра и е за 87,3 милиони евра повеќе отколку во 2022 година, кога изнесувал 534,2 милиони евра. Исто е и со добивките – и тие имаат значаен раст. Вкупните добивки на 10-те најголеми друштва од светот на обложувањето и игрите на среќа лани биле 39,3 милиони евра, а во 2022 година – 32,2 милиони евра.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Инфлацијата во Британија по три години го достигна целното ниво од два отсто

СО ДОБИВКАТА НА ДРЖАВНАТА ВИДЕОЛОТАРИЈА НИКОЈ НЕ МОЖЕ

Од овие 10 најприходни копании, пет се во ТОП 10 по добивка, но пет други не се во друштвото на најприходните, а се во друштвото на најпрофитните.

Тоа се Друштво за приредување на игри на среќа КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје, Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, АПЕКС МК ДОО Скопје и МАСТЕРБЕТ ДООЕЛ Скопје и СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА.

 

Во следната АНАЛИЗА ќе читате: Во кои обложувачници и казина дават најголеми плати?

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-ekskluzivno-vo-kockarnicite-i-oblozuvalnicite-narodot-lani-ostavil-recisi-800-milionu-evra/