Истражувањето спроведено во Германија покажа дека мнозинството граѓани не сакаат канцеларот Олаф Шолц повторно да биде кандидат на општите избори што ќе се одржат во 2025 година.
Речиси 74 отсто од испитаниците кои учествувале во истражувањето на „Политбарометар“ на германскиот јавен сервис ЗДФ одговориле со „не“ на прашањето:
„Дали Олаф Шолц повторно треба да биде премиерски кандидат на Социјалдемократската партија (СПД) на општите избори во 2025 година“?
Само 23 отсто се за Шолц повторно да биде кандидат.
Интересно е што 49 отсто од поддржувачите на СПД не сакале Шолц повторно да биде кандидат.
Половина од граѓаните сакаат предвремени избори
Речиси 25 отсто од граѓаните сметаат дека работата на сојузната влада, која ја сочинуваат СПД, Зелените и Слободната демократска партија (ФДП) била добра, додека 71 отсто ја оцениле нивната работа како лоша.
Речиси половина од анкетираните се за одржување на предвремени избори во земјата.
Шолц најави дека повторно ќе биде кандидат за премиер на општите избори во 2025 година, и покрај резултатите од анкетата и критиките на владата.
Тој за весникот „Тагесшпигел“ изјави дека очекува и СПД да добие силна поддршка од граѓаните во 2025 година.