Речиси 22 илјади загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија.

Loading...

Во Турција загинаа најмалку 18.342 лица, додека во Сирија 3.377.

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на 19 километри од Малатија, на истокот на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

ЕМСЦ на Твитер соопшти дека земјотресот се случил во 7:50 часот по локално време.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат 85 милиони долари помош за Турција и Сирија, објави Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), по разорните земјотреси што ги погодија двете земји во понеделникот и загинаа повеќе од 21.000 луѓе.

УСАИД соопшти дека средствата ќе одат кај партнерите на терен „за да се обезбеди итно потребната помош на милиони луѓе“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...