Речиси 200 милиони луѓе во САД се под предупредување за горештини или поплави

Сподели со своите пријатели

Речиси 200 милиони луѓе во САД, или 60 отсто од населението, се под предупредување за горештини или поплави, пренесува Танјуг.

Loading...

Националната метеоролошка служба соопшти дека „опасен“ топлотен бран го погоди североисточниот и средноатланскиот брег на САД во четвртокот и ќе продолжи во текот на викендот.

Силни грмотевици и поројни поплави се можни во делови од Нова Англија и јужна Флорида, пренесува АП.

Рекордни температури ќе се задржат во југозападниот и средниот запад.

Продолжување на висока топлина

„Ги (погоди) сите големи градови“, рече Боб Оравец, водечки прогнозер во Центарот за прогноза на Националната метеоролошка служба, додавајќи дека затоа толку многу луѓе се опфатени со предупредувањата.

Прогнозата дека интензивните горештини ќе продолжат доаѓа еден ден откако Светската метеоролошка организација и Службата за климатски промени Коперник на ЕУ го прогласија јули 2023 година за најтопол месец досега, според АП.

Во четвртокот, големите градови долж источниот брег, вклучувајќи ги Вашингтон, Филаделфија и Њујорк, беа над 37,8 степени целзиусови, а синоптичарите очекуваат да бидат срушени неколку температурни рекорди во петок.

Во Нова Англија по екстремните горештини можни се поројни поплави.

Loading...