Речиси 2.000 затвореници избегаа за време на напад на два затвора во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Речиси 2.000 затвореници избегаа откако големи групи луѓе нападнаа два затвора во Нигерија, во време кога властите најавија воведување 24-часовен полициски час во Лагос, во обид да се смират немирите кои избувнаа за време на двонеделните протести против полициската бруталност.

Loading...

Генералниот инспектор на полицијата распореди припадници на полицијата низ целата земја и им нареди на силите да ја зголемат безбедноста околу поправните установи.

– Силите (на безбедноста) сега ќе имаат целосни законски овластувања да спречат какви било понатамошни обиди за загрозување на животот или имотот на граѓаните, се вели во соопштението на полицијата.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Мохамед Манга изјави дека големи вооружени групи нападнале две поправни установи и ги совладале чуварите.

Тој додаде дека, според последното пребројување, избегале 1.993 затвореници.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply