Реакции на партиите и амбасадорите по вчерашната одлука на Иванов (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов вчера најави аболиција и амнестија за сите политичари кои се вмешани во предистражни и истражни постапки поради сомнение дека сториле некако вид на криминал, со што се доведе во прашање функционалноста на Специјалното јавно обвинителство.

Со реакција се јавија скоро сите политички партии во Република Македонија кои го осудија ваквиот потег на македонскиот претседател.

На 8 септември 1991 година граѓаните прогласија самостојна, суверена и независна Република Македонија, а денеска на 12 април 2016 година, во 15:30 часот, Ѓорге Иванов во својство на претседател на државата со едностран акт ја поништи волјата и ја укина Република Македонија како држава. Со амнестијата на организираниот криминал и аболицијата на криминалците Иванов ги погази сите атрибути на една демократска и правна држава и официјално Македонија ја прогласи за мафијашка држава – реагираат од НСДП.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, кој присуствуваше и на вчерашните протести, вели дека ова е државен удар.

Лицето Ѓорѓе Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија. Ова е државен удар. Криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани. Иванов денеска стана директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија. Тој сака парите украдени од граѓаните од криминалната банда да не бидат вратени кај граѓаните. Од денеска нема правна држава. Го погазија Уставот, законите, достоинството на граѓаните. Денеска го погребаа Договорот од Пржино – рече Заев.

Loading...

Али Ахмети пак на социјалните мрежи напиша дека одлуката на т.н. претседател е избрзана.

Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и таквата одлука од таканаречениот претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност“, изјави Ахмети по средбата со хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, и словенечкиот претседател Борут Пахор, кои се во посета на Македонија.

ali

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека се фрапирани од ваквата одлука на Ѓорѓе Иванов, иако се од иста партија.

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување. кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат. Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сево ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година ипол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот. Сепак, во конкретниов случај. би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Еврокомесарот за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан со реакција се огласи на социјалните мрежи.

Политичките лидери мора да знаат дека постапките кои ги видовме во последно време, сериозно ја загрозуваат евроатлантската иднина на нивната земја – додава Хан.

han_27

Амбасадорите на САД и ЕУ го повикаа Иванов на итна средба, но тој ја одби нивната покана, а додека народот протестираше на улица тој вечераше со претседателката на Хрватска и претседателот на Словенија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.