29.07.2015 19:23

РЦУК: Вонредна информација за најава на топлотен бран


Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи утре се очекуваат екстремно високи температури.

Од страна на центарот е издадено предупредување за топлотен бран со ниво алерт 2, при што половина од територијата на државата ќе се наоѓа во портокалова фаза, додека останатиот дел ќе биде во  и понатаму во жолтата фаза или фаза на подготвеност.

loading...

Затоа од РЦУК излегуваат со 8 акции и препораки до граѓаните и сите институции во државата како да се дејствува во оваа фаза.

Акција бр.1 – Постојани соопштенија преку јавните медиуми за состојба на приправност.

Акција бр.2 – Поставување на специфични планови за вонредни услови на секоја здравствена установа, јавните и образовните институции, како и образовните центри.

Акција бр.3 – Спроведување мерки за заштита на лицата кои се изложени на топлина на своите работни места.

Акција бр.4 – Преземање на специфични мерки од страна на социјалните служби во однос на заштита на најранливите лица со цел да им се обезбеди адекватно внимание.

Акција бр.5 – Препораки за користење на јавните центри со климатизирани простории од страна на ранливата популација.

Акција бр.6 – Зајакнување на телефонската информативна линија и продолжување на времетраењето на здравствените институции со цел да се излезе во пресрет на граѓаните.

Акција бр.7 – Дистрибуција на вода за пиење на граѓаните од страна на Црвениот крст на најпрометни места.

loading...

Акција бр.8 – Предлагање на дополнителни мерки за разгледување од страна на Владата во однос на работното време, за одредени сектори каде не се нарушува производствениот процес во контекст на заштита на здравјето на луѓето, вклучително и ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението (бремените жени, старите лица над 60 години и сл.). Ваквите мерки ќе се разгледуваат поединечно и специфично за областите зафатени со топлотни бранови.

За утре се препорачува да не се престојува на отворено во текот на целиот ден, да се мирува и да се внесуваат поголеми количини течности


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments