РЦУК: На Табановце се поставени осум нови кревети и 18 тајфуни

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, од транзитниот центар Табановце до Општа Болница Куманово, на 17 декември е однесено едно лице од Авганистан, а во прашање е шестмесечно бебе, згрижено на Одделението за педијатрија, со дадена терапија и извршени здравствени прегледи.

Бебето било ставено на набљудување во дневна болница, а по стабилизирање на состојбата е вратено во ТЦ Табановце.

Во изминатите 24 часа, тимовите на Итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на мигранти.

Регионалниот центар во дневниот извештај информира дека е во постапка местење на заштитна мрежа покрај пругата, со  доставени кревети до МТСП од страна на ИОМ, и тоа 8 кревети кои се намонтирани и поставени во ИКЕА модулите, како и премрежување на струјата во текот на наредните денови на главното трафо кое е поставено од страна на Министерството за труд и социјална политика.

На редовниот координативен состанок од страна на ЦУК и МТСП со невладините организации е донесена одлука за пренамнена на храната во текот на наредните денови, т.е од ладна храна да се премине кон делење на топли оброци и напитоци.

Во моментот, според извештајот на РЦУК, на Табановце се врши редовна достава на нафта потребна за функционирање на осумнаестте тајфуни кои се поставени во шаторите.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.