РЦУК Куманово врши подготовки за делување на северната граница

Сподели со своите пријатели

Со оглед на воведување на новите кризни мерки и прогласување вонредна состојба на северната и јужна граница на РМ, Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден организираше работна средба, информира РЦУК во дневниот извештај.

Loading...

Претставниците на РЦУК заедно со останати преставници на СВР Куманово и ЗОК на АРМ Куманово, а со цел размена на мислења и евентуални подготовки за преземање на одредени мерки поврзани со актуелната состојба  со мигрантите на северната граница, на работната средба дискутирале за меѓусебно ажурирање на податоците за средствата за врски за меѓусебна комуникација.

Како што информира РЦУК, било договорено  доколку се добијат конкретни насоки од страна на Главниот Штаб  за Управување со кризи, веднаш  да се преземаат соодветни мерки.

Исто така, на средбата биле исконтактирани сите членови на Регионалниот Штаб за Управување со кризи со цел истите да бидаат подготвени за евентуално активирање на штабот, се вели во дневниот извештај на РЦУК Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.