Раззеленувањето на Куманово една од долгорочните мерки за прочистување на воздухот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Садењето нови дрвја односно раззеленувањето на Куманово е една од долгорочните мерки во планот на Општина Куманово за борба против загадувањето на воздухот.

Loading...

Како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, тешко е да се справи општината сама со овој проблем, но има план со кракторочни и долгорочни мерки.

Кампањите, апелите и аеросолизацијата се меѓу кракторочните мерки, а на долгорочен план е гасификацијата и раззеленувањето на градот и неговата околина.

– Минатата година распишавме постапка во износ од два милиони денари, обезбедивме квалитетни садници, тендерската постапка овозможи да учествуваат поголем број понудувачи, па цената падна некаде на 800 илјади денари. Заштедивме милион и двесте илјади и оваа година со повторно ќе се изврши една таква постапка за набавка на квалитетни садници коишто ќе ги садиме, рече Димитриевски.

 

 

Општината, сепак, не може да се справи сама со овој проблем, вели Димитриевски кој додава дека и граѓаните треба да допринесат со внимавање што согоруваат за огрев, каде го исфрлаат и третираат сметот.

Loading...

Тој ги повикува и граѓаните да земат учество во зелените акции за пошумување.

– Ако тргнеме од податокот дека во Куманово имаме околу 110.000 жители еве претпоставете секој жител на годишно ниво да засади една нова садница тоа би значело 110.000 садници на годишно ниво. Значи граѓанската свест треба превенствено, исто така и граѓаните да се вклучат, но како и да е ние како општина стоиме на располагање да продолжиме да се бориме, додава тој.

Местоположбата на Куманово, смета Димитриевски и недостатокот на струење на воздухот и ветерот се дел од клучните фактори кои допринесуваат за одредени пикови на загаденост на воздухот со ПМ10 честичките.

Трендот на нови зелени површини, додава градоначалникот, е главната алатка за борба против аерозагадувањето на долгорочен план.

Никола Ивановски

Leave a Reply