Развојот на Куманово низ историјата (фото)

Сподели со своите пријатели

Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 година навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешната кумановска општина и пошироко. Други претпоставки за името не постојат.

Кумани, или уште познати како Половци биле номадски племиња од турско потекло. Во XI век се доселени од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи и териториите во Долен Дунав. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Потиснати од Монголите (1230), се повлекле во Унгарија, Бугарија и Византија.

800px-baba_010
Куманско-кипчачка статуа од XII в. во Луганск, источна Украина

Вo 10-тиот век упаѓале и на територијата на Македонија со цел вршење грaбежи. Подоцна, дел од нивните потомци биле иселени, а остатокот претопени со останатото население. Никејскиот цар Jован III Ватац ги населувал како стратиоти во Tракија, во Македонија и во Мала Aзија. Се смета дека по Kуманите го добиле своето име градот Куманово и селата Куманичево, Tиквешко и Куманичево, Kостурско.

Посебна улога Куманите одиграле во формирањето и управувањето на Второто бугарско царство, особено во востанието на браќата Петар и Aсен (1185). Во ова царство голем број припадници на владеачката класа биле Кумани.

Куманово во сpeдниот вeк

Се претпоставува дека Куманово било основано во XII век во близина на селото Жеглигово, со цел да го чува преминот меѓу реките Вардар и Јужна Морава. Во 1519, во турските документи се спомнува како село во состав на Нагоричката нахија со 52 семејства и околу 300 жители. Како градска населба (касаба) се споменува во втората половина на XVII век.

Се претпоставува дека населбата во овој период има слабо развиено стопанство. Тоа го потврдуваат и патописните забелешки на Евлија Челебија од 1660 година, според кои населбата имала околу 600 куќи, џамија, медреса, ан, амам и одреден број на дуќани. Куманово станува административен центар на нахијата при крајот на XVI или почетокот на XVII век. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патописните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул каде е наведено дека во населбата има 52 семејства со околу 300 жители. Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал:

„Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува едно војводство. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.“

Карпошово востание 1689

 Смртта на Карпош. На сликата му се чита пресудата, а во позадина се гледа Камениот мост, Скопје

Смртта на Карпош. На сликата му се чита пресудата, а во позадина се гледа Камениот мост, Скопје

Во 1689 год. при продирањето на Австријците на Балканот, водачот на востаниците од северниот дел на Македонија, Карпош се прогласува за „крал од Куманово“ што покажува дека Куманово како населба била на добар глас. Имено како сообраќаен крстопат имал значајна економска важност каде трговијата била значително развиена. Со тоа успева да ги надмине конкурентните центри (Табановце, Нагоричане, Стрезовце и Клечовце) во својата најблиска околина. Таквиот стопански раст бил прекинат со австрискиот поход на Балканскиот Полуостров. Како и повеќето градови во Македонија, Куманово било во опаѓање, но не исчезнува како населба. По бурните настани (Карпошовото востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој сè до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.

Куманово во 18 и 19 век

Во текот на XVIII век се споменува двапати (1706 г. и 1792 г.) во белешките на патници кои преноќиле во градот, но без некои посебни податоци.

Во следниот, XIX, век Куманово успева да се оддели од околните населби и интензивно да напредува. Ова е период кога Куманово се споменува како важно пазариште за добиток и жито. Во исто време значително напредувало и угостителството кое воглавно било во рацете на Грци од Јанина, а подоцна и башиноселци. Наспроти нив, во текот на втората половина на XIX век некои занаети воопшто не биле развиени или пак нивното производство било далеку под побарувачката на пазарот.

Причините за ваквиот раст на градот се во неговата улога на административен центар и сообраќаен крстопат за патиштата кои одамна постоеле и оние поновите кои се граделе во седумдесеттите години на XIX век. Со изградбата на железницата во негова непосредна близина и добивајќи сопствена железничка станица, не само што ја зацврстува својата доминантна положба во однос на околните населби, туку и стопански се наметнува над нив, оневозможувајќи го нивниот поинтензивен развој.

Како нормален одраз на тоа станува атрактивно имиграциско место за околното население и бележи поизразен популациски раст. Истовремено Куманово и стопански расне и денес претставува град со развиени дејности од секундарниот и терцијарниот сектор. Водечко место има индустријата (металопреработувачка, текстилна, чевларско-кожарска, прехранбена, тутунска) потоа земјоделието и трговијата. Со својата местоположба и сообраќајно значење, развој и обликуваните градски функции, Куманово има три контактни гравитациски зони на влијание: спрема Крива Паланка, Кратово и Свети Николе. Истовремено тоа значи и функционално наметната моќност кон овие три правци што е една од причините за силен популациски и функционален раст на Куманово на сметка на растот на трите гореспоменати градски населби.

Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата сè до крајот на Втората светска војна.

Куманово во 20 век

Во близина на Куманово на 23 октомври 1912 година е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Зебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората светска војна.

view_of_kumanovo_c-_1913
Куманово во почетокот на XX век (1913 година)

Куманово во Втората светска војна

На 11 октомври 1941 година во Куманово и Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.

osloboduvanje_na_kumanovo_1944
Свечен пречек на раководители на НОВ и ПОМ по повод ослободувањето на Куманово. (11 ноември 1944)

 

Loading...

Денес Куманово е општина која зафаќа површина од 50.948 ha, има 48 населени места со 105.484 жители. Градот спаѓа меѓу водечките стопански центри во Републиката. Најразвиена дејност е индустријата и тоа машинската, текстилната, кожарската и тутунската индустрија. Во пошироката околина на градот значително е развиено земјоделството.

kumanovo plostadВо Куманово има Народен музеј, Меморијален музеј „Христијан Тодоровски Карпош”, Уметничка галери-ја, Спомен костурница од НОВ, а во Кумановско се наоѓаат манастирот Матејче над с. Матејче, манастирот Крапино во близина на с. Орах, црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане, споменикот на АСНОМ во с. Пелинце и др. Во градот има една факултетска институција, гимназија и две средни стручни училишта, потоа Здравствен дом, Дом на културата, Градска библиотека и други институ-ции од областа на културата и спортот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.