Развој на спортот и нови зелени површини во градот, најави Димитриевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Нови инвестиции во сферата на спортот, реставрирање на запуштените спортски комплекси, но и уредување и одржување на Спомен Костурница, најави денеска кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски најави можност за дополнителен развој на спортот во Куманово, а воедно и изградба на спортска сала за учениците од Средното техничко училиште „Наце Буѓони“.

– Ќе ги преипситаме сите одлуки и директно ќе инволвираме во општината во решавање на судбината на сите спортски комплекси во општина Куманово кои во моментот се земени од страна на концесионери кои се издадени од страна на поранешните власти и дадени на користење, а не се инвестира ништо во нив. Имаме намера како идна власт да се инволвираме во развојот на спортот и да побараме овие објекти да се дадат на општината, почнувајќи од Градскиот стадион Куманово, Соколана, Спортската сала во Куманово и сите останати спортски, фудбалски и друг вид на спортски терени. На овој начин ќе дадеме несебичен допринос за развојот на спортот во Куманово и конечно еднаш младите луѓе во Куманово да добијат можност да водат здрав и нормален спортски живот, рече Димитриевски.

Loading...

Според Димитриевски овие проекти на младите ќе им овозможат да водат здрав и нормален спортски живот. Воедно најави и целосна реконструкција на Спомен Костурница, кој според програмата на партијата ќе биде уреден со зелени површини, трим патеки и шеталишта.

– На сите места во градот каде имаме зелена површина ќе ја збогатиме, ќе преземеме обврска да ја одржуваме и да изградиме нови трим патеки и поставување урбана опрема за одвивање на спортски активности. Исто така би сакал да нагласам дека ќе влеземе во поголем број проекти заедно со Владата на Република Македонија во делот на капиталните инвестиции да го смениме животот и односот кон спортот во нашата општина и нашиот град, рече Димитриевски.

Поддршка на спортската програма дава и државниот првак во фрлање диск, атлетичарот Матеја Ефремовска, која воедно е и кандидат за советник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Јас сум Матеја Ефремовска од Куманово, државен рекордер во фрлање диск, застанав позади овој тим да дадам поддршка бидејќи верувам декаќе се подигне спортот на повисоко ниво и верувам во реализирање на сите предвидени проекти, рече Матеја Ефремовска.

Кандидатот Максим Димитриевски уште еднаш ги повика граѓаните да дадат поддршка на концептот и визијата предводен од него и кандидатите за советници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.