РАЗВОД ВО РЕКОРДЕН РОК: Младоженецот среде свадба побарал се да се поништи, причината за потегот ги остави сите шокирани!

Сподели со своите пријатели

Парот од Багдад неодамна стана рекордер кога станува збор за времетраењето на бракот, кога младоженецот на сред венчавка изјавил дека сака да ја напушти заедницата, а сето тоа поради песната што ја нарачала невестата.

Loading...

Според локалните извештаи, причина за разводот е песната на сириската пејачка Ламиса Кан, која се вика „Јас сум доминантна“, која предизвикала голема кавга меѓу семејствата, кога невестата го нарачала популарен хит.

 

 

„Јас сум доминантна, ќе живееш според моите строги правила, ќе те натерам да погледнеш настрана ако ги гледаш другите жени на улица. Јас сум доминантна, ти си мој. Се додека си со мене, ќе живееш под мојата команда“, биле стиховите од песната што го повредиле младоженецот, и побарал  да се поништи бракот.

Наводно, невестата заиграла на песната и уживала во својата венчавка, но семејството на младоженецот не било воодушевено, што резултирало со голема кавга меѓу двете страни.

 

Loading...

 

Интересно е и тоа што ова не е прв пат песната да доведе до развод, бидејќи истата песна беше причина за раскинување на врската помеѓу мажот и жената минатата година во Јордан.