Разузнавачи: Русите ќе го прогласат падот на Бахмут на годишнината од војната

Сподели со своите пријатели

Русија ќе објави дека го освоила источниот украински град Бахмут на годишнината од инвазијата без оглед на фактите на теренот, објави утринава британското Министерство за одбрана во извештајот на неговото воено разузнавање.

Loading...

Во извештајот се наведува дека руските сили продолжуваат со повеќе офанзивни операции во источна Украина, вклучително и напади врз градовите Вуледар, Кремина и Бахмут. Но, притоа тие трпат огромни загуби, според разузнавачите.

Британското Министерство за одбрана тврди дека како што се приближува првата годишнина од војната (24 февруари), руските сили ќе бидат под зголемен притисок да покажат напредок пред своите претпоставени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

„Веројатно Русија ќе го прогласи падот на Бахмут во време што се совпаѓа со годишнината од војната, без оглед на фактите на теренот“, се вели во извештајот.

Силите се обидуваат да го освојат Бахмут од јули, при што целосно го уништиле градот, но успеале да освојат само неколку села во околината.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.