Разрешен директорот на Центарот за социјални работи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски денеска разреши шест директори на Центри за социјални работи, меѓу кои и директорот на кумановскиот Центар, Даниел Живачки, пишува порталот Курир.

Разрешени се и двајца директори на Јавни установи, односно Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и Јавна установа Детски дом “11 Октомври”. Директорите на Центарот за социјални работи во Куманово, Свети Николе,Кавадарци и Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми се разрешени  поради непотпишување на менаџерски договори, додека директорите на Центрите за социјална работа од Гевгелија и директорот на  Јавна установа Детски дом  “11 Октомври”с е разрешени за недоставување на годишен финансиски извештај, пишува порталот.

Разрешен е и директорот на Центарот за социјална работа од Крива Паланка каде бил константиран недостаток на документ за доделување на еднократна парична помош.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.