Разорно торнадо во Кина направи голема штета: Во поплавите 33 жртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десетици илјади луѓе беа евакуирани од поплавените подрачја во централниот дел на Кина во четвртокот, а властите го зголемија бројот на загинати во поплавите што траеја речиси една недела во провинцијата Хенан, на 33 жртви.

Loading...

Неколку градови беа поплавени и посевите уништени бидејќи катастрофалното невреме се прошири на север, а официјалната новинска агенција Синхуа досега објави директни економски загуби од 189 милиони долари.

Провинциската канцеларија за метеорологија во четвртокот го зголеми нивото на предупредување за бура за четири града во северниот дел на Хенан – Ксинсијанг, Анјанг, Хеби и Џиазуо – на црвено, највисоко ниво на четиристепениот систем за предупредување на невремето.

Меѓу загинатите има и 12 убиени кога подземната железница во главниот град на провинцијата  Женгжу, околу 650 километри југо-западно од Пекинг, беше поплавена претходно оваа недела. Осум лица се водат како исчезнати низ целата провинција.

Повеќе од 73.000 луѓе се евакуирани од градот Анјанг, на границата со провинцијата Хенан и Хебеи, откако од понеделникот беа поплавени од над 600 мм дожд, објави официјалната новинска агенција Синхуа.

Ксинсијанг, мало гратче северно од Женгжу, забележал 812 мм дожд помеѓу вторникот и четвртокот, соборувајќи ги локалните метеоролошки рекорди, објави Синхуа.

Седум средни вештачки езера се излеаја во градот, што влијаеше на многу блиски села и градови.

Од крајот на средата, повеќе од 470.000 луѓе и повеќе од 55.000 хектари земјоделски култури се погодени од врнежите од дожд, објави Синхуа, додавајќи дека локалната влада распореди повеќе од 76.000 членови на тимот за пребарување и спасување.

Loading...

Во соседниот Хебеи, две лица загинаа кога торнадо го погоди градот Баодинг.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *