Разбојништво во обид во Куманово – на мета женско лице

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, вчера околу 15,00 часот во Куманово, пред ОУ„Наим Фрашери“ на ул.„Страшко Симонов“, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво во обид над Б.И.(37).

Loading...

Имено, додека оштетената одела накај дома, сторителот од зад грб и се приближил, ја фатил за ташната, и откако неуспеал да ја земе и се заканил со пиштолот, со тупаница ја удрил во пределот на лицето и и ја одзел ташната.

Откако оштетената почнала да вика, сторителот ја оставил ташната и избегал во непознат правец. Лицето Б.И. е упатена во МЦ – Куманово, каде и е укажана лекарска помош и констатирана и се телесни повреди. Од страна на полициски службеници осомничениот е фатен и лишен од слобода, а се работи за П.Н. од Куманово и по целосно расчистување и документирање на настанот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.