Раул Кастро ќе ја предаде власта во април

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Куба Раул Кастро ќе ја предаде должноста во април 2018 година, соопштуваат од кубанскиот парламенто по гласањето за одложување за два месеци на изборот за неговито наследник.

Гласањето во парламентот за нов претседател на Куба ќе биде одржано на 19 април, пренесуваат државните медиуми.

Одложувањето на гласањето предвидено за февруари следува поради одложување на локални избори годинава поради налетот на ураганот Ирма, кој направи голема материјална штета на островот.

Многумина очекуваат новиот претседател на Куба да биде сегашниот потпретседател Мигал Диас Канел, но се предвидува дека 86-годишниот Кастро и натмау ќе има големо влијание во донесувањето на одлуките.

Заминувањето на Кастро ќе означи крај на 60-годишното владеење на браќата Раул и Фидел Кастро.