Најмалку 670 луѓе загинаа во Турција и Сирија по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што пред зори ја погоди областа северно од турскиот град Газиантеп.
Најмалку 386 лица загинаа во Сирија, од кои 239 главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија.
Групата Бели шлемови, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, исто така објави најмалку 147 смртни случаи во областите под контрола на опозицијата во северозападна Сирија.
Во земјотресот се повредени и стотици луѓе, а 648 се повредени во Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија.
Во Турција загинаа најмалку 284 лица, а повеќе од 2.323 се повредени, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.