Расте бројот на жртви во Нов Зеланд: Вулканот зеде уште два животи

Сподели со своите пријатели

Новозеландската полиција соопшти дека уште две лица починале од повредени здобиени во ерупција на вулкан на Белиот остров оваа недела, со што бројот на загинатите достигна осум лица.

Loading...

Полицијата соопшти дека двајцата биле лекувани во болниците во Окланд и Хамилтон, пренесува Ројтерс.

Девет лица се пријавени како исчезнати, при што полицијата ги идентификува како седум туристи од Австралија и два туристички водичи од Нов Зеланд.

Полицијата верува дека телата на осум лица останале на вулканот, но спасувачките екипи не се во можност да ги достигнат бидејќи условите се сè уште премногу опасни.

Уште 28 лица се наоѓаат во болницата, од кои 23 се здобиле со изгореници опасни по живот.

Вулканот еруптираше во понеделникот попладне, додека групи туристи беа на островот.

Leave a Reply