Расте бројот на загинати во поплавите на Филипини

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во поплавите и одроните на Филипините се искачи на 80, соопшти тамошната агенција за катастрофи, а 31 лице се водат како исчезнати по тропската бура Налга што извика низ земјата викендов, поплавувајќи многу делови од архипелагот.

Loading...

Половина од смртните случаи се регистрирани во јужниот автономен регион Бангсаморо, каде што десет лица се пријавени за исчезнати, објави агенцијата во новиот билтен.

Налга е вториот најсмртоносен циклон што ги погоди Филипините оваа година, каде во просек годишно има по 20 тропски бури.