Расте бројот на загинати во експлозиите во Иран

Сподели со своите пријатели

Најмалку 95 лица загинаа, а околу 140 се ранети во Иран по две експлозии на четвртата годишнина од смртта на генералот Касем Сулејмани во градот Керман, објавија државните медиуми.

Loading...

Голем број луѓе се движеле по улицата кон гробот на Сулејмани кога на оддалеченост од неколку стотици метри одекнале две експлозии.

Дваесет и седум повредени се во критична состојба, објавија неколку ирански медиуми. Во неколку болници оперирани се повеќе од сто луѓе. Претходните извештаи говореа дека најмалку 103 биле убиени.

Иранската влада соопшти дека станува збор за терористички напад.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Засега никој не презел одговорност. Терористичките напади од ваков размер се исклучително ретки во Иран.

Loading...

Сулејмани беше командант на елитните ирански сили Кудс и архитект на иранските воени операции на Блискиот исток. САД го убиле со дрон во јануари 2020 година во Ирак.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го нарече Сулејмани „жив маченик“ додека тој сè уште беше жив.

Сулејмани беше поздравен како херој од иранската јавност поради улогата што ја одигра во поразот на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Сирија.

Хамнеи вети жесток одговор на нападот во средата.

„Тие мора да знаат дека овој катастрофален чин ќе резултира со жесток одговор, со Божја помош“, рече тој во изјавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

 

 

Loading...

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара од државните служби решителна реакција.

„Нема сомнеж, напаѓачите и сторителите на овој кукавички чин наскоро ќе бидат откриени и казнети“, рече тој.

Нападот го осудија генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и Европската унија. САД изразија сочувство до семејствата на жртвите и нагласија дека на ниту еден начин не биле вклучени во нападот и дека нема причина да се верува дека Израел бил вмешан во нападот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија