Раст на бројот на децата со тикови: Причините во анксиозноста, депресијата, но и ТикТок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Медицински експерти од повеќе земји дошле до заклучок за зголемување на бројот на тинејџерки кои развиваат тикови.

Loading...

Како некои од факторите на ризик кои можат да придонесат за развојот на таа состојба, според извештајот, лекарите ги наведуваат анксиозноста, депресијата и популарноста на аплиакцијата TikTok.

Тинејџерките се меѓу најзагрозените, а зголемувањето на бројот на девојчиња со тикови започна на почетокот на пандемијата и ги збуни лекарите, пишува „Волстрит журнал“.

Неколку написи во медицински списанија открија дека тинејџерки гледале снимки на TikTok на луѓе кои тврдат дека имаат Туретов синдром – нарушување кое започнува во детството и се карактеризира со едноставни или сложени гласовни тикови и неволни движења.

Д-р Кирстен Милер-Вал од Хановер вели дека „Jerusalem Post“ гледа се повеќе тинејџерки и помлади возрасни девојки кои доаѓаат со тикови.

Милер-Вал, која се справува со Туретов синдром веќе 25 години, вели дека додека луѓето кои го имаат ова нарушување обично имаат уникатни тикови, девојките кои доаѓаат кај неа неодамна ги развиваат истите симптоми.

Таа открила и дека пациентите всушност ги имитираат тиковите на германскиот Јутубер, кој на интернет покажува како живее со ова нарушување.

Иако не се собрани национални или меѓународни податоци за степенот на проблемот, „Журнал“ пренесува дека некои медицински центри бележат дури 10 пати повеќе од вообичаените случаи на луѓе кои се појавуваат со тикови.

Loading...

Пред пандемијата, центрите имале еден или два случаи месечно, но сега некои велат дека бележат од 10 до 20 месечно.

Каролина Олвера, експерт за нарушувања на движењето во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго, рече дека забележала дека многу пациенти го изговараат зборот „бин“ (грав) со британски акцент, дури и пациенти кои не зборуваат англиски.

На крајот дознала дека тој збор го изговара и познатиот британски тиктокер кој има Туретов синдром.

Лекарите забележале дека она што се случува во овие конкретни случаи кои се појавуваат во последно време не е Туретов синдром, туку функционално нарушување на движењето.

Тие исто така рекоа дека на многу деца кои развиле тикови претходно им била дијагностицирана анксиозност или депресија што се влошила за време на пандемијата.

Мери Хол, педијатриски невролог во Детската болница во Тексас, откри дека психолошките нарушувања, кои брзо се шират, во минатото главно биле ограничени на географски области, но социјалните мрежи им овозможиле да се шират глобално.

Таа за „Журнал“ изјави дека е малку веројатно тиковите да се развијат само со гледање на едно видео, но алгоритмот на ТикТок им овозможува на децата да гледаат слични видеа повеќе од еднаш.

Jerusalem Post пишува дека овие нарушувања може да се лекуваат. Лекарите им предложиле на децата да се одморат од користењето на социјалните мрежи.

Loading...

Дополнително, доколку детето покажува тикови кои го попречуваат секојдневниот живот, родителите треба да побараат стручна помош.